Prijavi problem

Најсреќниот за Водици традиционално во посета на Општина Илинден

Објавено на: 20.01.2017 - 11:24

Најсреќниот кој го фати Богојавленскиот крст што за Водици беше положен во водите на езерото на хотелот Белви, 21 годишниот Марио Димитријевски, заедно со семејството, беше во посета кај градоначалникот на Општина Илинден,  Жика Стојановски и општинската администрација.

Со тоа продолжи прекрасната традиција што трае колку и манифестацијата за одбележувањето на Водици, што Општина Илинден по деветти пат  ја организира во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, од населба Илинден.

Честитајќи му на Димитријевски, градоначалникот Стојановски изрази благодарност што тој го донесе Богојавленскиот крст во Општината, при што изрази надеж дека Богојавленскиот крст ќе донесе многу здравје, радост и благосостојба, подобар живот на сите граѓани во Општина Илинден

Кон честитките се приклучија и вработените во општинската администрација.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013