Prijavi problem

Најсреќниот за Водици го донесе Богојавленскиот крст во Општината

Објавено на: 20.01.2020 - 13:06

Најсреќниот за Водици, 24-годишниот Марио Димитријевски кој го фати Богојавленскиот крст што свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“ го положија во водите на езерото на хотелот Белви по повод Богојавление-Водици, како што е традиција низа години наназад, ја посети Општина Илинден.

Градоначалникот Жика Стојановски во свое име и во име на администрацијата му се заблагодари на Димитријевски  што го донесе крстот во просториите на Општина Илинден, изразувајќи верба дека Богојавленскиот крст ќе донесе  здравје, среќа, радост, благосостојба, подобар живот на сите граѓани во Општина Илинден.

Марио Димитријевски во своето 10 учество во оваа манифестација имаше среќа годинава по петти пат да дојде до крстот којшто, како што вели, му донесе многу убави моменти во неговиот живот.

Општина Илинден, во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, прв пат организирано го одбележаа православниот празник Богојавление-Водици во далечната 2009 година. Досега стотици млади учествуваа во фаќањето на Богојавленскиот крст, а на манифестацијата секоја година присуствуваат илијадници верници кои со своето присуство му даваат посебен белег на празнувањето на овој голем ден.

Најсреќни во изминатите 12 години кои успеаја да го фатат крстот беа: Марио Димитријевски (5 пати), Влатко Крушкаровски (2 пати), Александар Шарковски, Бојан Петровски, Дејан Ристовски, Филип Бошковски и Боби Ангеловски.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013