




На повеќе локации во Општината се реализра Проектот „Со зеленило против загадувањето“
Објавено на: 10.03.2017 - 14:21
На неколку локации во Општината интензивно се работи на реализација на Проектот „Со зеленило против загадувањето“, што ќе трае во текот на месец март. Покрај засадување на повеќе листопадни и зимзелени садници на пешачко рекреативната патека Марино-Кадино, се работеше и на озеленување на дворот на Домот на култура „Илинден“. Со Проектот за озеленување се опфатени 20 локации на површина од 60.000 м2, каде што е предвидено да бидат засадени 1000 садници, со што ќе се даде значаен придонес во заштитата на животната средина и обезбедувањето на почист воздух. Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница. Се повикуваат сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, претставници на бизнис секторот, активно да се вклучат во реализацијата на проектот и сите заедно да дадеме свој придонес кон заедницата, свој придонес во создавањето на подобри услови за живеење и здрава животна средина.
|
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоНастаниИзвестувањаГалерииВидео
ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
|
Остави коментар