Prijavi problem

Мост на пријателство меѓу Општина Илинден и Општина Решетари, Хрватска

Објавено на: 13.12.2016 - 10:20

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Општина Илинден и Основното училиште  „Анте Старчевиќ“ од Решетари, Хрватска, потпишаа Спогодба за меѓусебна соработка, во рамките на реализацијата на меѓународниот проект Мост на пријателство: Илинден-Решетари.

Во присуство на амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, Спогодбата ја потпишаа градоначалникот  на Општина Илинден, Жика Стојановски и градоначалникот на Општина Решетари, Златко Ага, како и директорите на двете училишта.

Основна цел на овој проект е размена на разбирање и почитување на различните култури, на културното наследство на местото, на родниот крај, на татковината како што се: фолклор, музика, традиција и обичаи, потоа запознавање со другите oбразовни системи, поттикнување на мобилноста на учениците и наставниците, како и размена на европска соработка  во областа  на образованието.

Потпишувањето на спогодбата и соработката во областа на образованието е продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Општина Илинден и Општина Решетари во повеќе области, по потпишувањето  на Спогодбата  за меѓусебна соработка и пријателство меѓу двете општини во 2012 година.

Со неа е предвидено преку заеднички проекти во областа на културата, туризмот, стопанството, знаменитостите, образованието и спортот да се унапредува стопанството и социјалниот развој во двете општини. Трајната соработка се остварува преку среднорочни и долгорочни програми, односно преку конкретни заеднички проекти.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013