Prijavi problem

Mинистерот Сугарески во работна посета на Општина Илинден

Објавено на: 30.08.2018 - 13:32

 

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна посета на Општина Илинден, при што се сретна со градоначалникот Жика Стојановски.

Во изјавата за медиумите по средбата, министерот Сугарески истакна дека посетата се реализира во рамките на посетите на општините од страна на Министерството за транспорт и врски, додавајќи дека градоначалникот Стојановски го информирал за тековите и идни проекти во Општина Илинден.

Градоначалникот Жика Стојановски истакна дека на средбата се разговарало за начините и можностите за реализација на капитални проекти, посено во делот на патната и комуналната инфраструктура.

-Локалната самоуправа е подготвена во делот на проектната документација, одредени проекти се поднесени. Целта е како да најдеме можности за да ги реализираме проектите кои што се дефинирани како приоритет од страна на граѓаните и нивна реализација и со тоа подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните во Општина Илинден, истакна градоначалникот Стојановски.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013