Prijavi problem

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“

Објавено на: 02.04.2018 - 12:03

На 5-ти април (четврток) 2018 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 12-та по ред традиционална Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”. Оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце. Во чест на Двеилјадииосумнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2018 Велигденски јајца.

Во изминатите единаесет години во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение” што се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, вкупно се собрани 32.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, Општинската библиотека во домот на култура Марино и библиотеките во основните училишта.

Општина Илинден, покрај поканата за учество на манифестацијата, ја користи можноста да им се заблагодари на сите досегашни учесници во „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“, кои што подарија книги, на претставниците од бизнис секторот, на повеќе издавачки куќи, научни институции и факултети, на учениците, како и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013