Prijavi problem

Ларвицидна дезинсекција за уништување на комарци

Објавено на: 23.03.2017 - 09:00

Во рамките на спроведувањето на Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2017 година, Oпштина Илинден, почна со ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци, на површина од 50 хектари.

Согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални) во сите населени места, речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци.

Дезинсекцијата се врши со еколошко средство кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013