Prijavi problem

Континуирано одржување на каналската мрежа во Општината

Објавено на: 14.03.2018 - 09:31

Во рамки на проектот на Општина Илинден - „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“, континуирано се врши машинско и рачно чистење на отворените одводни канали што се наоѓаат на територија на општината во должина од 120 километри, а се дел од хидро мелиоративниот систем „Скопско Поле“.

Во н.м.Кадино извршено е машинско чистење на секундарен канал Азмак во должина од 1600 метри. Истовремено, со цел зафаќање на атмосферските води крај главната сообраќајница што води низ ова населено место ( ул. „2“, ул. „11“, локален пат Кадино-Мралино и локален пат Кадино-клучка автопат А-4) комплетно е исчистена терцијална каналска мрежа во должина 2000 метри, при што во зависност од потребите се формирани и нови канали за одведување на атмосферските води, а се поставени и соодветни цевкасти пропусти. Со ова покрај обезбедувањето проточност на каналите, се заштитува инфраструктурата и се подобрува и безбедноста на сообраќајот во овој дел од Општината, со што се овозможува побрза и побезбедна комуникација.

Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа oпштина Илинден, подложен на покачување на нивото на подземните води, локалната самоуправа интензивно и континуирано работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води. Обезбедувањето на проточност на каналската мрежа е процес на континуирано и долгорочно системско работење, уредување, нивелирање, чистење и одржување на каналите со што се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува подобра животна средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

Благодарејќи на редовното континуиирано одржување, каналската мрежа во општина Илинден нормално функционира прифаќајки ги водите по обилните дождови во изминатите денови, кои што создадоа проблеми во повеќе делови од државата.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013