Prijavi problem

Континуирано чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали

Објавено на: 29.05.2020 - 10:11

 

Во рамките на реализацијата на Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во општина Илинден, во тек е чистење на сисавец на секундарен канал Топлик, во локалната економска зона Ограѓа, во должина од 1500 метри.

Поради рамничарскиот терен на којшто се наоѓа Општината, подложен на покачување на нивото на подземните води,  континуирано се врши уредување, чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во должина од 120 километри, кои се  дел од хидромелиоративниот систем „Скопско Поле“, а со цел да се обезбеди непречен проток на атмосферските води.

Од почетокот на годината досега извршено е машинско чистење на Ободен канал кој минува низ населените места Кадино, Марино и нас. Илинден со вкупна должина од 3800 метри, машинско чистење на секундарен канал Топлик во нас. Илинден со вкупна должина од  2800 метри, а во координација со ЈКП Илинден и граѓаните на општина Илинден извршено е  рачно чистење на терцијална каналска мрежа со вкупна должина од 8000 метри.

Согласно Годишната програма и Акциониот план за одржување на каналската мрежа во општина Илинден, во текот на оваа година досега се исчистени вкупно 15.400 метри од каналската мрежа.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013