Prijavi problem

Континуирано чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа

Објавено на: 10.07.2018 - 11:46

Во рамките на реализацијата на проектот „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“ во општина Илинден, во тек е машинско и рачно чистење на секундарниот А-канал во населба Илинден, во должина од 3.000 метри.

Од почетокот на годината досега исчистени се 26.000 метри отворени одводни канали, од кои 4.300 метри се новоизградени канали, како дел од реализацијата на проектот за „Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води“.

Согласно Акциониот план за чистење на каналската мрежа за 2018 година, во рамките на континуираното машинско и рачно чистење, нивелирање и одржување на главната, секундарната и терцијалната мрежа на подрачјето на Општината, следува чистење на Главниот канал Горна зона во централниот дел на нас. Илинден и н.м. Марино, во должина од 4.000 метри.

Поради рамничарскиот терен на којшто се наоѓа oпштина Илинден, подложен на покачување на нивото на подземните води, континуирано се одржуваат главните, секундарните и терцијалните одводни канали во должина од 120 километри, со коишто се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013