Prijavi problem

Континуирано чистење на отворените одводни канали

Објавено на: 12.12.2017 - 14:12

Во населба Илинден, во рамките на реализацијата на Проектот чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали на територијата на општина Илинден, во тек е машинско чистење на Главниот канал-Горна зона во должина од 500 метри. Чистењето на овој потег од каналската мрежа е од големо значење заради тоа што претставува критично место, на кое при поројни врнежи, поради малиот проток на вода може да дојде до излевање.

Деновиве е извршени машинско и рачно чистење и на терцијалниот канал Шамак во н.м. Кадино во должина од 1.500 метри, како и на каналот Азмак во н.м. Мралино и н.м. Кадино во должина од 1.000 метри.

Со оглед на рамничарскиот терен на кој што се наоѓа Општината, подложен на покачување на нивото на подземните води, редовното одржување на главните, секундарните и терцијалните отворени одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води, останува во врвот на приоритетите на општина Илинден.

Со цел да се обезбеди непречен проток на атмосферските води, континуирано се работи на одржување на каналската мрежа што на територијата на општина Илинден се протега во должина од 120 километри и е дел од хидро мелиоративниот систем „Скопско Поле“.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013