Prijavi problem

Континуирано чистење на отворените одводни канали

Објавено на: 10.04.2017 - 10:58

Со цел да обезбеди проточност на каналската мрежа, Општина Илинен во координација со АД Водостопанство на Република Македонија-подружница „Скопско Поле“-Скопје континуирано ги чисти отворените одводни канали што се наоѓаат на територијата на Општината.

Во рамките на Акциониот план за чистење на каналската мрежа за 2017 година, деновиве е извршено машинско чистење на секундарен канал –Топлик во нас.Илинден во должина од 1200 метри.

Во областа на рамничарскиот терен на кој што се наоѓа Општина Илинден, подложен на покачување на нивото на подземните води, неопходно е редовно одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води, со што се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува подобра животна средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението. 

Во таа насока, зафаќањето и одведувањето на атмосферските води, односно редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените  одводни канали  е еден од приоритетите на Општината.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013