Prijavi problem

Компанијата „Белина“ одбележа 25 години постоење

Објавено на: 31.05.2019 - 16:44

 

Компанијата „Белина“ која што се наоѓа во локалната економска зона Марино-Кадино одбележа 25 години од своето постоење, од кои пет години стопанисува во Општина Илинден.

На пригодната свеченост што се одржа во просториите на „Белина“, нејзиниот сопственик Љупче Николовски на Општина Илинден и додели посебна благодарница за долгогодишна деловна соработка. Во име на Општината благодарницата ја прими градоначалникот Жика Стојановски, кој изразувајќи благодарност, на компанијата „Белина“ и посака уште поголеми успеси и многу јубилеи. Тој изрази задоволство што „Белина“ како семејна компанија ја одбра токму Општина Илинден да биде општината каде што ќе го развива својот бизнис.

Компанијата „Белина“ се занимава со трговија на големо со бои, лакови и четки, земјоделски алати и механизација, мерни инструменти и автокозметика.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013