Prijavi problem

Компанијата “Шмиц каргобул“ донираше прочистувачи на воздух за градинката „Гоце Делчев“

Објавено на: 11.01.2019 - 16:55

Детската градинка „Гоце Делчев“ е опремена со нови 5 прочистувачи на воздух, донација од компанијата „Шмиц каргобул“. Со оваа донација покрај досегашните две, сега седум од вкупно 16 занимални во градинката се опремени со причистувачи за воздух.

За време на предавањето на донацијата, директорката на „Шмиц каргобул“, Мими Шмиц, не можеше да го скрие задоволството што има можност со нивната донација да дадат свој придонес кон унапредувањето на здравјето на нашите најмили, на дечињата од градинката „Гоце Делчев“.Заблагодарувајќи им се на претставниците на „Шмиц каргобул“ за донацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, истакна дека е убеден оти многу брзо, благодарејќи на општествената одговорност и на другите компании од Општина Илинден, сите занимални во градинката ќе бидат обезбедени со прочистувачи на воздухот.

Во последните децении општествената одговорност стана глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој станаа своевидно светско движење. И кај нас општествената одговорност се повеќе станува императив на компаниите, особено оние успешните, кои дел од профитот кој го остваруваат го враќаат на заедницата. Меѓу другите, таква е и компанијата “Шмиц каргобул“ која веќе 127 години се занимава со производство на приколки за тешки товарни возила.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013