Prijavi problem

Книжевна средба со поетите на Седумдесетите години

Објавено на: 17.05.2018 - 09:04

 

Во рамките на 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“, во домот на култура „Илинден“ се одржа Книжевна средба со поетите на Седумдесетите години Веле Смилевски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски и Славе Ѓорго Димовски.

За местото и улогата на поезијата во седумдесетите години од 20. век, како и за творештвото на учесниците на книжевната средба, зборуваше нашиот реномиран поет, есеист и литературен критичар, Раде Силјан.

-Во почетокот на седумдесетите години на минатиот век во литературната периодика на Македонија се појавија повеќе млади автори кои во изминатите четири ипол децении се профилираа  и се потврдија во повеќе литературни жанрови. Поетските дела на Веле Смилевски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски и Славе Ѓорго Димовски заземаат значајно место во хиерархијата и вредносната скала на современата македонска литература. Овие имиња се наметнаа со своите дела и специфики и високи естетски вредности, истакна Силјан во претставувањето на поетите од Седумдесетите години.

На книжевната средба, пред присутните поклоници на пишаниот збор во домот на култура „Илинден“, истакнатите поети од Седумдесетите години кои оставија траен белег во македонската литература се претставија со избор на стихови од нивното богато творештво.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013