Prijavi problem

Изложба на уметници од Општина Илинден во Домот на култура „Илинден“

Објавено на: 05.12.2018 - 14:46

Во галеријата на Домот на култура „Илинден”, во организација на Општина Илинден, отворена е третата по ред изложба на дела на уметниците од Општина Илинден. Оваа традиционална изложба што се организира по повод Новогодишните и Божикните празници, во присуство на голем број љубители на уметноста, ја отвори покровителот, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Заблагодарувајќи им се на учесниците на изложбата, посебно за нивниот придонес во промоцијата и афирмацијата на Општина Илинден, градоначалникот Стојановски го истакна значењето на овој традиционален настан кој, како што рече, по содржината доби во квалитет.

-Особено ме радува тоа што квалитетот на оваа изложба е неколкукратно повисок од претходните. Ние сме релативно мала, но апсолутно голема општина во очите јавноста, посебно во делот на уметноста. Задоволство ми е што има голем интерес за уметноста и кај помладите генерации, што е резултат на условите што се создаваат во  локалната заедница, но и вашата несебичност своите знаења и квалитети несебично да им ги пренесете на помладите. Ние како локална самоуправа имаме релативно скромен буџет, но гледаме максимално да ги искористиме сите можности и средства кои што ги имаме, истакна градоначалникот Стојановски.

Потенцирајќи дека уметноста е најголем амбасадор во светот, тој со задоволство истакна дека  Општина Илинден се препознава најмногу поради уметноста и луѓето што ја создаваат.

За оваа веќе традиционална изложба на која своите дела ги изложуваат автори од Општина Илинден, без оглед на тоа дали професионално или, аматерски се занимаваат со уметност, со пригодна реч на присутните им се обрати академскиот сликар Новица Трајковски.

На годинешната трета по ред изложба на уметниците од Општина Илинден љубителите на уметноста можат да видат 40-на дела од авторите Зоран Трпески, Наталија Соколовска, Тамара Ѓуроска, Марјан Ристовски, Снежана Колевска, Блаже Донев, Аце Ѓорѓиевски, Ненад Божиновски, Славе Кочовски, Катерина Трајковска и Сара Крстевска. Специјален гостин на изложбата беше Ристо Андреев, академски вајар, член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кој се претстави со неколку свои дела. 

Специјална жири комисија и овaа година избра две најдобри дела чии автори Снежана Колевска и Ненад Божиновски се наградени со самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“, што ќе се реализира во наредниот период.

Со реализацијата на овој настан кој стана традиција во промовирањето на современите уметнички достигнувања Општина Илинден останува на своите континуирани заложби за негување и унапредување на културата, која е белег на нашето постоење.

Изложбата во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена до 20 декември, годинава.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013