Prijavi problem

Изграден локалниот пат Дељадровци-Манастирски комплекс „Свети Ѓорѓија“

Објавено на: 25.08.2014 - 09:03

Општина Илинден во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го изгради локалниот пат од населено место Дељадровци до манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија” во должина од 700 метри. Истовремено, одводнувањето на атмосферските води  е овозможено со надолжни и попречни наклони на коловозот со странично испуштање (во одводни канавки).

Асфалтниот пат, чија што изградба чинеше 4,5 милиони денари е од големо значење со оглед на тоа што го поврзува населеното место Дељадровци и манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија”, едно од попосетуваните места во Општината и регионот. Во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ Општина Илинден секоја година со општонароден собир го одбележува патрониот празник.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013