Prijavi problem

Интервју на Градоначалникот м-р Жика Стојановски за МИА

Објавено на: 17.04.2018 - 12:55

Интервју на Градоначалникот м-р Жика Стојановски за МИА

ЛИНК: https://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/279/134195505

 

Граѓаните четврти пат ви укажаа доверба да ја водите општина Илинден. Во каква состојба е општината, односно во какви финансиски, кадровски и просторни услови?

- Убаво е чувството да знаете дека луѓето ви веруваат, дека четврти пат ви укажуваат доверба да ја водите општината, но истовремено ова е уште поголема обврска и одговорност токму за да ја оправдам укажаната доверба. Ова е и мотив, инспирација повеќе во моите заложби за подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот во сите 12 населени места на општина Илинден. Од друга страна, пак, убеден сум дека довербата не се стекнува преку ноќ, таа е резултат на реализацијата на голем број капитални проекти во изминатиот период, што граѓаните на општина Илинден ги посочија како приоритет, а заедно ги реализиравме.

Изминативе две години, буквално ги минавме во предизборен, изборен и постизборен период, проследен со бројни ограничувања, кои значително влијаеја на активностите во локалните самоуправи и реализацијата на планираните проекти. Предизборниот период за нас претставуваше акумулација за нов инвестициски циклус кој следува во општина Илинден.

Исправени пред предизвиците и во овој период успеавме да го реализираме најголемиот дел од планираното. Останавме насочени кон реализацијата на многу проекти во повеќе области, како подобрување на патната инфраструктура, подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони, изградба на фекалната канализација и на пречистителни станици, зафаќање на атмосферските води, чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, изградба на домови на културата и инвестиции во образованието, вели Стојановски. 

Општина Илинден стана препознатлива како успешна инвеститорска дестинација. Дали ќе има нови инвестиции во следниот период?

- Водечките индикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции и отворање нови, реални, слободни работни места и намалување на невработеноста. Во 2017 година продолжи инвестицискиот циклус во општина Илинден што резултираше со реалзација на 180 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции (СДИ), а невработеноста која во 2008 година изнесуваше 38 отсто, изнесува 5 отсто.

Наша определба во изминатиот период беше и останува интензивирањето и развојот на економската инфраструктура, особено подобрувањето и изградбата на транспортната, комуналната и енергетската инфраструктура во стопанските комплекси и локалните економски зони, преку кои отворавме можности за привлекување на нови домашни и странски инвестиции, давање поддршка на постојните, а сето тоа во насока на реализација на нашата главна цел - отворање нови реални слободни работни места и обезбедување одржлив локален економски развој и просперитетна иднина на локалната заедница.

Одржливиот развој претставува постојан, континуиран процес којшто вклучува подобрување на интеграцијата на економските, социјалните и аспектите на заштита на животната средина. Оттука се и предизвиците за правилен избор на областите на развој и надлежностите во кои е можно да се постигнат најголеми ефекти.

Општина Илинден како прогресивна локална самоуправа и јас како градоначалник се стремиме кон зголемена транспарентност, намалена корупција, подобрена ефикасност и ефективност, намалени трошоци и зголемени приходи, како перспективи за натамошен развој и правиме напор за користење на предностите и силните страни во локалната заедница.

Започнатите и успешно завршените проекти отвораат порти за поставување нови цели и изнаоѓање креативни решенија. Сето ова бара стратешки пристап, постојано вложување напори, искористување на постоечките и создавање можности за нови ресурси, како и проширување на целните групи спроведувачи и корисници.

Трансформацијата на административните процеси и процедури, односно начинот на кој владините институции и локалните самоуправи комуницираат со граѓаните, со бизнис секторот и меѓу себе, претставува реформска задача којашто треба да им даде живот на техничките решенија, нагласи Стојановски. 

Кои проекти ги реализиравте по изборите или се во тек на реализација?

- Во периодот по локалните избори извршивме докомплетирање на системот за зафаќање, третман и одведување на отпадни фекални води во населеното место Марино (припадна површина 1), каде што се поставени 4.000 метри канализациска мрежа и пречистителна станица со капацитет од 1.250 жители на која се приклучени 300 домаќинства.

Извршивме целосно санирање и асфалтирање со зафаќање на атмосферските води на седум локални улици оштетени од изградбата на фекалната канализација во вкупна должина од 1.500 метри. Се изврши и реконструкција и асфалтирање на дел од локалниот пат Кадино-клучка автопат М1 во должина од 300 метри.

Во делот на заштита на животната средина извршиме уредување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали на критичните локации на каналската мрежа во должина од 11.000 метри.

Периодот беше искористен за подготовка и изработка на техничка документација, проекти и апликации во вредност од 10 милиони евра. Овие проекти и апликации се доставени до надлежните ресорни министерства за поддршка во нивната реализација, подвлече Стојановски. 

Кои се вашите приоритети како градоначалник и идни проекти кои треба да се реализираат во општина Илинден? 

- Подобрување и модернизирање на патната, комуналната и енергетската инфраструктура, подобрувањето на квалитетот на услугите, намалувањето на сиромаштијата остануваат наши приоритети како перспективи за натамошен развој, овозможување подобри услови за живеење, подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на општина Илинден.

Станува збор за проекти во повеќе области, со чијашто реализација значително ќе се подобри квалитетот на животот во општината. Во периодот што следува во континуитет ќе продолжиме со подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта); подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони; изградба на фекална канализација со пречистителни станици.

Предвидуваме изградба на детска градинка во Миладиновци и згрижување деца од најмалата група – воведување „јасли“ во детската градинка „Гоце Делчев“; реконструкција и подобрување на училишта, обезбедување просторни услови за одвивање на квалитетна настава, со воведување целодневна настава; реконструкција и доградба на амбулантата во населба Илинден со воведување на дежурства.

Ќе продолжиме со зафаќање на атмосферски води-чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали што на територијата на општината се протегаат во должина од 120 километри; изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води; модернизирање и проширување на водоводниот систем; изградба на стадион со трибини во населбата Илинден; изградба на пешачки патеки и поставување спортски реквизити и скејт-парк.

Предвидуваме и урбанистичко планирање во функција на ЛЕР; воспоставување гасификациски систем, воведување гасификација на стопанските објекти, како и други активности што ќе придонесат општина Илинден да прерасне во економски силна, урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување, потенцира Стојановски. 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013