Prijavi problem

Градоначалникот Жика Стојановски се обрати на форумот „Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“, во Виена-Австрија

Објавено на: 07.03.2018 - 13:24

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, учествуваше на симпозиум на тема „Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“, што се одржа во Виена, Австрија.

На симпозиумот што се одржа во организација на Програмата за урбано партнерство на Канцеларијата на Светска банка во Виена, на Федералното министерството за финансии на Австрија и на градот Виена учествуваа 150 градоначалници и претставници на локални самоуправи од земјите од Југоисточна Европа.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Жика Стојановски зборуваше за финансиите и поддршката на процесот на децентрализација на земјите од Југоисточна Европа. Притоа, тој ја истакна поддршката на Светска банка на општина Илинден во реализирањето на проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 1 и 2) со кој општина Илинден ги реализираше проектите Енергетска ефикасност во јавните општински установи, ООУ „Гоце Делчев“, детска градинка „Гоце Делчев“ и Дом на култура „Илинден“.

На форумот беше означен почетокот на третата фаза од „Програмата за урбано партнерство“, при што беа презентирани планираните или реализираните реформи и иновации во градовите во областа на урбанистичко планирање и управување со земјиштето, со посебен осврт на „паметните градови“, финансиските импликации и учеството на граѓаните во овој процес и јакнењето на процесите на децентрализација во земјите од Југоисточна Европа.

 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013