Prijavi problem

Градинката „Гоце Делчев“ по трет пат Еко градинка

Објавено на: 27.03.2017 - 10:12

Детската градинка „Гоце Делчев“ во континуитет, трет пат по ред е добитник на интернационалното признание Еко градинка на највисоко ниво - зелено знаме.

Меѓународното признание, интернационален сертификат и чек во износ од 500 евра за реализација на еко прoект, на претставниците  на детската градинка „Гоце Делчев“, официјално им ги додели амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самоел Жбогар.

Со добивањето на зелено знаме, градинката се стекна со право да аплицира за финансиска поддршка (мал грант) за еко проект. По тој повод градинката „Гоце Делчев“ подготви проект кој опфаќа засадување на 50 садници (листопадни и зимзелени) и поврзување на истите со систем капка по капка.

Еко градинка е градинка која ја усвоила заштитата на животната средина како една од основните вредности за управување и раководење. Градинката, покрај тоа што ги воспитува и едуцира децата на темата заштита на животната средина, ги едуцира и сите вработени во институцијата и пошироката заедница.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013