Prijavi problem

Голем успех на средношколците од СОСУ „Илинден“ на Државниот натпревар на млади истражувачи

Објавено на: 16.04.2019 - 14:28

 

Од петмина ученици од Средното општинско стручно училиште „Илинден“ што учествуваа на 55-от Државен натпревар на млади истражувачи, што се одржа во Средното стручно училиште „Перо Наков“ во Куманово, тројца се закитија со медали. Во натпреварите на кои учествуваа 144 средношколци од целата држава, учениците  Благоја Велковски и Тоше Колевски освоија сребрени, а ученикот Андреј Илиевски бронзен медал.

Благоја Велковски наградата ја доби во областа Обновливи извори на енергија за проектот „Автоматизиран уред за следење на сонцето“, под менторство на професорот Игор Атанасов. Ученикот Тоше Колевски со својот проект „Програмабилно училишно ѕвонче“, под менторство на професорот Кирил Крстевски, се закити со сребрен медал во областа Електротехника и електроника, а ученикот  Андреј Илиевски со својот проект „Уред за одредување далечина на објекти со ултрасоничен сензор“, под менторство на професорот Игор Атанасов, го освои 3-то место во областа Автоматика и роботика.

На натпреварот учествуваа и успешно го претставија училиштето и учениците Ангел Павлески со проектот „Сонцето - обновлив извор на енергија“ под менторство на професор Јулијана Атанасовска и Наум Нунев со проектот „Водата – обновлив извор на енергија“, под менторство на професор Јулијана Атанасовска.

На оваа традиционална манифестација учениците од средното образование во земјава имаат можност да презентираат научно-истражувачки проекти во повеќе области на природните науки како информатика, дизајн на веб-страници, компјутерско програмирање, примена на софтвер, применета математика, применета физика, електротехника и електроника, автоматика и роботика, агротехника, машинска техника, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност на објектите...

Научно - истражувачките проекти изработени од натпреварувачите за секоја од областите ги оценуваше посебна тричлена жири-комисија во состав од универзитетски професори.

Организатори на натпреварот се Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија, Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи на Македонија-Наука на младите во соработка и со покровителство на Министерството за образование и наука на Македонија. 

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013