Prijavi problem

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден

Објавено на: 16.12.2016 - 11:09

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа Форум за Локален економски развој на Општина Илинден на кој учествуваа 170 компании кои што стопанисуваат во Општината, претставувани од сопствениците, директорите и членовите на менаџерските тимови. На Форумот, покрај претставниците на бизнис заедницата учествуваа и претставници на невладини организации, финансиски институции, претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.

Форумот го отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кој поздравувајќи ги присутните го истакна своето задоволство што е дел од овој Форум кој веќе 11 години дава значаен придонес во развојот на Општина Илинден.

Зборувајќи за значењето на Форумот за локален економски развој, Стојановски го истакна придонесот на Форумот во носењето на стратешките документи за локалниот економски развој на Општина Илинден. Притоа, тој им се заблагодари на сите чинители што дале свој придонес во развојот на Општината, како и во подобрување на условите и квалитетот на живеење на сите нејзини граѓани.

Присутните на Форумот беа запознаени со реализираните акциони чекори и активности од Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден, по што се разви дискусија за можностите за подобрување на условите за инвестирање, во насока на создавање на квалитетни услови за живеење, работење и унапредување на животниот стандард.

Во дискусијата се вклучија повеќемина претставници на домашни и странски компании од локалната бизнис заедницата, кои ја искористија можноста да ги истакнат поволните услови за бизнис во Општина Илинден, што било причина тие да го почнат или, продолжат бизнисот во оваа Општина.

На присутните им се обратија и директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, како и претставниците на Сојузот на стопански комори на Македонија, претставниците на ОБСЕ мисијата во Скопје и претставниците на УСАИД, со кои Општина Илинден остварува успешна соработка.

Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година, а зацртаните чекори во овој Акционен план беа реализирани со процент од 91 отсто успешност. Форумот даде огромен придонес и за подготовката и рализацијата и на Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2012-2016 година кој успешно се реализира, а активно учествува и во подготовката на „Стратегија за интегриран развој на Општина Илинден за периодот 2017-2021 година“.

По завршувањето на Форумот учесниците имаа можност да ја разгледаат изложба на уметнички слики, поставена во галеријата на Домот на култура „Илинден“.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013