Prijavi problem

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден

Објавено на: 17.12.2015 - 17:02

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден на кој учествуваа 160 компании што стопанисуваат во Општината, претставувани од сопствениците, директорите и членовите на менаџерските тимови се одржа по 10-ти пат во Домот на култура „Илинден“. Покрај претставниците на бизнис заедницата на Форумот учествуваа и претставници на владини институции, на невладини организации, домашни и странски финансиски институции како и претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.

Поздравувајќи ги присутните, градоначалникот на Општина Илинден, м-р Жика Стојановски го истакна значењето на Форумот за локален економски развој, при што им се заблагодари на сите чинители кои дале свој придонес во развојот на Општината, како и во подобрување на условите и квалитетот на живеење на сите нејзини граѓани.

- Локалниот економски развој (ЛЕР) е една од најзначајните општински функции и надлежности, чија што главна цел е да обезбеди развој на локалната економија и стопанство, промовирање на стопанската структура, инфраструктура, природни ресурси, современите-нематеријални фактори на растот и расположливата работна сила.

Воспоставеното партнерство и соработка меѓу јавниот, приватниот (бизнис) и граѓанскиот сектор е единствениот механизам за обезбедување на легитимност на стратешките и акционите планови во создавањето на подобри услови за забрзан и оддржлив економски раст, отворање на нови работни места, воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање на квалитетни услови за живеење, истакна градоначалникот Стојановски.

Притоа, тој ги презентираше предлог проектите кои што можат да се имплементираат со ЈПП и коорпоративна општествена одговорност во функција на унапредување на локалната заeдница.

На состанокот беа разгледани реализираните акциони чекори и активности од Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден, а присутните имаа можност да проследат и презентација за Урбанистичко планирање на просторот во функција на локалниот економски развој и привлекување на нови инвестици, како и поддршка на постојните.

Со свои излагања на присутните им се обратија и Огнен Оровчанец, директор на „Агроунија“, како и директорот на компанијата „НЕТАМ“, Драган Коцевски. Притоа, беше отворена дискусија за можностите за подобрување на условите за инвестирање, во насока на создавање на квалитетни услови на живеење, работење и унапредување на животниот стандард, во која се вклучија повеќемина претставници на бизнис заедницата.

Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година, а зацртаните чекори во овој Акционен план беа реализирани со процент од 91 отсто успешност, што придонесе за брз локален економски развој на Општината и нејзино прераснување во една од  водечките општини по број на инвестиции во Република Македонија.

По завршувањето на официјалниот дел од програмата, учесниците на Форумот, во галеријата на Домот на култура „Илинден“ имаа можност да ја видат изложбата „Св. Климент и Св. Наум и нивната духовна светлина“, организирана од Домот на култура „Илинден“ и Асоцијацијата за култура ИКОН. Наредната година Република Македонија одбележува 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, па со поставувањето на оваа изложба во Домот на култура „Илинден“ почна чествувањето на оваа значајна годишнина.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013