Prijavi problem

Државен натпревар во таеквондо се одржа во Општина Илинден

Објавено на: 26.11.2018 - 15:02

Под покровителство на Општина Илиден, а во организација на таеквондо клубот „Илинден“, во Спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден се одржа третиот по ред традиционален турнир во таеквондо „Илинден Опен“. Посакувајќи им добредојде и многу успех на спортистите, турнирот официјално го отвори покровителот на манифестацијата, градоначалниокот на Општина Илинден, Жика Стојановски.


На овој државен натпревар во дисциплината спортски борби учествуваа 150 натпреварувачи од сите возрасти од 10 клубови, меѓу кои беа и гостите од таеквондо клубот Нерон од Софија, Република Бугарија. Љубителите на таеквондото имаа можност да присуствуваат на многу квалитетни борби со што уште еднаш се покажа зошто овој спорт последните години е водечки во нашата земја по постигнатите меѓународни резултати.


За најдобрите учесници на овој државен натпревар беа обезбедени соодветни награди и медали, а таеквондо клубот „Илинден“ му додели посебна благодарница на градоначалникот Жика Стојановски за поддршка и особен придонес во развојот на таеквондо спортот во Македонија.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013