Prijavi problem

Домаќинствата се приклучуваат на фекалната канализација во населба Илинден

Објавено на: 09.11.2015 - 13:06

Во Општина Илинден во тек е приклучување на домаќинствата и јавните установи на новоизградениот сегмент 7 од фекалната канализација за прифаќање, третман и одведување на отпадните води во населба Илинден. Со изградбата на овој сегмент од фекалната канализација со пречистителна станица, со капацитет од 1250 еквивалент/жители и канализациски систем во должина од 3.200 метри се прифаќаат отпадните води од околу 330 домаќинства од оваа населба.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Гадоначалникот Жика Стојановски, со цел да се запознае на самото место како течат завршните активности од изградбата на канализациониот систем во населба Илинден, беше во обиколка на пречистителната станица, изградените препумпни уреди, а присуствуваше и на поврзувањето на детската градинка и средното општинско стручно училиште на системот.

Со изградбата на сегментот во Илинден, заедно со досега предадените во употреба два сегмента во населените места Марино и Кадино, опфатени се 1.000 домаќинства, односно 4.000 жители.

Изградбата на фекалната канализација со пречистителни станици останува еден од приоритетните капитални проекти на Општина Илинден од областа на комуналната инфраструктура, со кој се овозможува заштита на животната средина и се придонесува за поквалитетен живот на граѓаните. 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013