Prijavi problem

Доделени дипломите за завршените бесплатни курсеви во рамките на Општинскиот културен едикативен центар “Илинден“

Објавено на: 16.06.2011 - 12:30

Во основното училиште “Гоце Делчев“ во нас. Илинден, на свечен им беа доделени дипломите на учениците што ги завршија бесплатните курсеви во рамките на Општинскиот културен едикативен центар “Илинден“.

Културно едукативниот центар “Илинден“ веќе шеста година по ред го реализира проектот “Бесплатни курсеви по странски јазик, музика, уметност, модерен балет, традиционален фолклор и традиционално пеење за учениците од четврто до деветто одделение во трите основни училишта “Гоце Делчев“, “Ристо Крле“ и “Браќа Миладиновци“.

Главна причина за реализацијата на овој проект е да се помогне во подигнувањето на квалитетот на образовниот процес и да се придонесе младата популација да се здобие со нови образовни и културни вредности.

Огромниот интерес на учениците за овие курсеви и покрај тоа што се одржуваат во сабота, денот за одмор на најмладите, покажува дека реализацијата на овој проект, што има огромна поддршка и од локалното население,  е вистинска потреба. 

Минатата  учебна година бесплатните курсеви успешно ги завршија 650 ученици од основните училишта во Општината, а проектот, како и во изминатите години целосно е финансиран од Буџетот на Општина Илинден.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013