Prijavi problem

Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали

Објавено на: 12.09.2018 - 12:26

Во рамки на проектот на Општина Илинден „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“, во тек е машинско чистење на Главниот канал-Горна зона во должина од 4.000 метри.

Овој канал кој минува низ централното подрачје на населените места Илинден, Марино, Кадино и Мралино, претставува една од главните артерии за зафаќање и одводнување на атмосферската вода и високото ниво на подземни води.

Главниот канал е дел од хидро мелиоративниот систем на отворена каналска мрежа која на територија на општина Илинден се протега во вкупна должина од 120 километри.

Паралелно со чистењето на Главниот канал-Горна зона, извршено е и отворање на нов терцијален канал за одводнување на подрачјето во населба Илинден и прифаќање на атмосферските води од улица 11,13 и 19 во вкупна должина од 250 метри како една од најкритичните точки во ова населено место.

Досега од почетокот на 2018 година, машински и рачно на територија на општина Илинден се исчистени главни, секундарни и терцијални канали во вкупна должина од 32.000 метри.

Во насока на заштита на функционалноста на каналите апелираме до граѓаните да се грижат за функционирањето на каналската мрежа, како и укажуваме дека е забрането затрупување на отворените одводни канали, шанци и ендеци, узурпирање на одводните канали како и поставување на објекти покрај каналите кои би пречеле на фунционалноста на каналската мрежа.

За секое нарушување на фунционалноста на каналскиот систем се преземаат казнени мерки согласно законската регулатива.

Активностите за машинско и рачно чистење на главните, секундарните и терцијалните одводни канали се реализираат во соработка со АД Водостопанство Скопско Поле, ЈКП Илинден и граѓаните на општина Илинден и истите континуирано ќе продолжат согласно акциониот план и програмата за чистење и одржување на каналската мрежа, се со цел зафаќање и овозможување на непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013