




Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали
Објавено на: 30.03.2018 - 10:59
Согласно Програмата и Акциониот план за чистење на каналска мрежа во општина Илинден во тек е машинско и рачно чистење на секундарниот канал Сисавец на Топлик во должина од 1200 метри во населба Илинден. Овој канал служи за зафаќање и одводнување на атмосферската вода од стопанската зона Илинден и околу 300 домаќинства од населба Илинден, со што се создаваат подобри услови за работа на стопанските објекти и се подобрува еколошкиот амбиент во овој дел од општината. Истовремено извршено е машинско чистење на Ободниот канал во нас. Илинден во должина од 2500 метри кој ги прифаќа брдските води од 10 порои со 25000 хектари сливно подрачје. Во рамките на реализацијата на проектот Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, од почетокот на годината досега исчистени се 9000 метри од главната и секундарната каналската мрежа на територијата на општина Илинден, што е дел од хидро мелиоративниот систем „Скопско Поле“. Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа oпштина Илинден, подложен на покачување на нивото на подземните води, локалната самоуправа интензивно и континуирано работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води. Со цел да се заштити функционалноста на каналите забрането е затрупување на отворените одводни канали, шанци и ендеци, узурпирање на отворените одводни канали, поставување на бандери и други инфраструктурни објекти кои би пречеле на фунционалноста на каналската мрежа. За секое нарушување на фунционалноста на каналскиот систем се преземаат казнени мерки согласно законската регулатива. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоНастаниИзвестувањаГалерииВидео
ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
|
Остави коментар