Prijavi problem

Благодарност до граѓаните од градоначалникот на општина Илинден, м-р Жика Стојановски

Објавено на: 20.10.2017 - 07:07

Почитувани сограѓани,

По повод мојот избор за градоначалник, Ви изразувам искрена благодарност за поддршката и довербата што ми ја дадовте на локалните избори, да ја водам Општина Илинден во наредните четири години.

Довербата што со Вашиот избор ми ја дадовте по четврти пат да бидам градоначалник на Општина Илинден за мене е вистинска привилегија, но истовремено и голема обврска и одговорност.

Знам дека довербата не се стекнува преку ноќ, таа е резултат на реализацијата на голем број капитални проекти во изминатиот период, што Вие ги посочивте како приоритет, а заедно ги реализиравме.

Токму затоа, добивањето на новиот мандат за мене е потврда дека сме на вистинскиот пат да ја направиме Општина Илинден уште поубаво место за живеење. Вашата доверба е мотив и поттик повеќе со уште позасилено темпо да продолжиме со создавањето на услови за подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на жителите од сите 12 населени места.

Почитувани сограѓани,

Во периодот што следи це­лос­но ќе се на­со­чи­ме кон ре­а­ли­за­ци­ја на приоритетните проекти ко­рис­теј­ќи ги на­ши­те рас­по­лож­ли­ви по­тен­ци­ја­ли, искус­тва, знаења и ка­па­ци­те­ти, со цел обез­бе­ду­вање на одржлив локален економски развој и прос­пе­ри­тет­на идни­на на це­ло­куп­но­то на­се­ле­ние во Општи­на Илин­ден.

Имаме јасна визија за Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна Општина во регионот и пошироко. Општина Илинден - препознатлива, потврдена, економски силна, урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување.

Да ги искористиме силните страни на Општина Илинден !

Прилог: Програма

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013