Prijavi problem

BFC SEE сертификатот - потврда за општина Илинден како една од водечките инвеститорски дестинациии во регионот

Објавено на: 26.04.2018 - 11:35

Општина Илинден се стекна со регионалниот сертификат за поволно деловно опкружување (BusinessFriendlyCertificationinSouthEastEurope (BFC SEE). Располагањето со сертификат значи дека општината исполнува одредени стандарди, што претставува индикатор за сигурност за потенцијалните инвеститори во добивањето услуги и информации за работите и дејностите во надлежност на локалните власти.

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ги информираше советниците за новиот успех што го постигна општина Илинден која што е прогласена за општина со поволно бизнис опкружување од Република Македонија во рамки на регионалната конференција за промоција на поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа „Партнерство за конкурентен регион“, што се одржа во Белград, Република Србија.

Обезбедувањето на (BFC SEE) сертификатот е голем успех за општина Илинден со што уште еднаш се потврди нејзината улога како една од водечките инвеститорски дестинации во регионот. Ова е признание за граѓаните на општина Илинден, за претставниците на бизнис заедницата, за Советот на општина Илинден, за општинската администрација. Свој придонес во стекнувањето на BFC сертификатот дадоа и претставниците на ЗЕЛС, и се разбира претставниците на Регионалниот совет за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа кои го доделија сертификатот со кој се утврдува дека општина Илинден ги исполни критериумите од Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа во согласност со стандардот BFC SEE.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013