Prijavi problem

Безплатни прегледи на земјоделците во Општина Илинден

Објавено на: 19.10.2009 - 11:49

 Општина Илинден во соработка со ЈЗУ Институт за медицина на трудот, ја реализираше Програмата на Владата на Република Македонија "Превентивна програма за оценка на здравствената состојба и работната способност кај земјоделците во Република Македонија".

За таа цел во соработка со стручните екипи од ЈЗУ Институт за медицина на трудот, се иврши преглед на здравствената состојба на 100 земјоделци на територија на општина Илинден.

Се утврди здравствената состојба на 60 земјоделци кои живеат во населените места во непосредна близина на АД ОКТА Рафинерија на нафта, додека останатите 40 земјоделци беа од другите населени места во Општината. 

Бесплатниот преглед опфати општ преглед, ЕКГ и лабораториски анализи на крвта, спирометрија и други испитувања со цел да се утврди здравствената состојба на земјоделците на територија на општина Илинден.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013