Prijavi problem

12-ТА МЕЃУНАРОДНА ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН“ 2011

Објавено на: 25.05.2011 - 09:06

 

Bо насока на интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања, Општина Илинден на 26 Мај (четврток) 2011 година во хотелот Бест Вестерн-Белви во н.Илинден ја организира 12-та Меѓународна литературна манифестација „Илинден 2011“.

Оваа традиционална манифестација што се одржува по 12-ти пат има за цел преку бројните содржини да ја запознае пошироката културна јавност со творештвото и постигнувањата во опкружувањето и пошироко, но и со достигнувањата на современата македонска поезија во странство.

На манифестацијата, чие централно место зазема Поетскиот митинг, ќе учествуваат истакнати домашни и странски поети, меѓу кои и минатогодишниот добитник на Повелбата за животно дело, Матеја Матевски, претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Раде Силјан, потоа Иван Чаповски, Светлана Христова-Јоциќ, Михаил Ренџов, Ефтим Клетников и ред други реномирани поети кои што оставија длабока трага во историјата на македонската поезија. Меѓу гостите од странство, на присутните со своите творби ќе им се претстават и Димитар Христов од Бугарија, Ана Багриана од Украина, Љерка Тот Наумова од Хрватска,  Спасе Мазенковски од Албанија...

Годинава, добитници на Повелбата за постигнати високи литературни вредности се истакнатите автори Благоја Иванов и Илхами Емин, а осврт кон нивното дело ќе даде  писателот Паскал Гилевски.

На оваа манифестација, поддржана од Министерството за култура и Друштвото на писателите на Македонија, традиционално како и во изминатите години, посебен акцент ќе биде ставен на афирмацијата на младите поети. Настапот на младите неафирмирани поети отсекогаш привлекувал посебно внимание, со оглед на тоа што ова е одлична шанса овие поети да ги презентираат своите достигнувања во областа на поезијата.

Меѓународната литературна манифестација  „Илинден 2011“ ќе биде збогатена и со Литературно матине за деца, ликовни изложби, рецитали на стихови...

На Литературното матине за деца што ќе се одржи во ОУ “Гоце Делчев“, во н.Илинден,  ќе настапат неколкумина писатели за деца, односно популарни поети меѓу нашите помлади читатели, како Перо Миленковски, Македонка Јанчевска, Горјан Петрески, Наум Попевски, Стојан Тарапуза, Киро Донев, Христо Петревски и Александар Поповски. 

Со свои творби ќе се претстават и учениците од основните училишта во Општина Илинден, а за најдобрите се предвидени соодветни награди и пофалници.

 
Деталната програма за манифестацијата може да ја разгледате со клик на следната патека

 

Детална програма 12-та Меѓунарона Литературна Манифестација „Илинден“ 2011

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013