Prijavi problem

„Витило“ отвори втор погон во Бунарџик

Објавено на: 02.02.2016 - 12:12

Во ТИРЗ во Бунарџик, отворен е вториот производствен погон на италијанската индустриска групација „Витило“, инвестиција вредна 10 милиони евра, која ќе овоможи 100 нови работни места.

Како што рече за време на пуштањето во употреба на новиот погон генералниот директор на „Витек Македонија“, Антонио Витило, компанијата предвидува и трета инвестиција следната година, со што вкупната инвестиција на оваа компанија во Македонија ќе достигне 30 милиони евра, а ќе бидат вработени повеќе од 300 лица.

-Големиот број инвестиции за краток временски рок е доказ дека не очекува успешна инвестициска година, рекордна по бројот на инвестиции, истакна вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски за време на отворањето на фабриката на кое присуствуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Групацијата „Витило“ е присутна во Македонија од 2011 година. Произведува хидраулични спојки за висок притисок и гумени црева за голем број индустрии. Производството од Македонија е наменето за Европа, земјите на Заливот и Америка.

Во првата фаза Витило во Македонија инвестираше 5 милиони евра и креираше 50 работни места.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013