Prijavi problem

„Со зеленило против загадувањето“ на површина од 80.000м2

Објавено на: 28.03.2018 - 13:53

Проектот „Со зеленило против загадувањето“, како дел од континуираните активности за заштита на животната средина на општина Илинден, интензивно се реализира на 25 локации на површина од 80 000 м2.

Со активностите од овој еколошки проект што се реализира во месеците март и април на повеќе локации во општината, беше опфатено и озеленување на дворот на Домот на култура „Илинден“, при што беа засадени повеќе садници.

Целта на проектот е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина.

Во реализацијата на овој проект се вклучија повеќе граѓани, ученици, младинци, пензионери, претставници на бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација, давајќи свој придонес во подобрувањето на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Согласно планираните активности од проектот, озеленување, засадување на садници и уредување на јавните простори и површини ќе се врши во сите 12 населени места во општина Илинден.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013