Prijavi problem

Настани

05.05.2010 |

Поставување камен темелник во н.м. Миладиновци

 Почитувани граѓани, 

Ве известуваме дека на ден 05.05.2010 год. (среда) со почеток во 11.00 часот ќе се изврши поставување на камен темелник на новиот мост во населено место Миладиновци.

Камен темелникот ќе го изврши Градоначалникот на Општина Илинден г-дин.Жика Стојановски.

За таа цел Ве покануваме заеднички да го одбележиме настанот и почетокот на изградбата на новиот мост во населено место Миладиновци.

 
05.05.2010 |

САНАЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА

 Општина Илинден согласно Програмата за санација и реконструкција на локалните патишта, ги отпочна градежните работи за надградба, тампонирање и асфалтирање на патната инфраструктура на територија на Општината за тековната година.

30.04.2010 |

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН” 2010

Општина Илинден годинава по единаесетти пат организира Меѓународна Литературна Манифестација „ИЛИНДЕН која ќе се одржи на 27. мај 2010 година.

На манифестацијата ќе настапат голем број на домашни и странски поети, додека пак под мотото: ,,СЛОБОДНИ ПОЕТСКИ ДЕНОВИ” своја платформа за афирмација ќе имаат и младите поети. 

28.04.2010 |

Реализирање на Проектот „Со знаење избегнувајте ги ризиците“

 На ден 29. Април 2010 година со почеток во 10 часот ќе се реализира Проектот  „Со знаење избегнувајте ги ризиците“ во ОУ Браќа Миладиновци, н.м. Миладиновци.

 

03.04.2010 |

Среќни Празници!

 Почитувани,

ви посакуваме среќни празници!

29.03.2010 |

ПОКАНА „ПОДАРЕТЕ КНИГА ЗА ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ, СИМБОЛ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ“

 Во организација на Општина Илинден на ден 01.април 2010 г. Четврток, од 09 до 13 часот во Илинден, спортска сала  „Гоце Делчев“ ќе се одржи традиционална манифестација под мото „ПОДАРЕТЕ КНИГА ЗА ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ, СИМБОЛ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

29.03.2010 |

Одржан државен натпревар во засадување на садници во Општина Илинден

 Општина Илинден во соработка со Министерството за образование и граѓанското здружение Ден на дрвото-засади ја својата иднина, организираше државен натпревар во брзо садедње на дрвца.

22.03.2010 |

Општина Илинден - Извештај за работата и економијата во 2009 година

 Како прилог во новиот четвртиот број на Општинскиот Информатор „Илинден“ е доставен годишниот извештај за работата на Општина Илинден.

17.03.2010 |

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА 4 НОВИ ТЕНИСКИ ИГРАЛИШТА

Со поставување на камен темелникот отпочнаа градежните активности за за реализација на проектот “Изградба на 4 тениски игралишта”.

Поставувањето на камен темелникот за изградбата на новите тениски игралишта во пристуство на голем број посетители и граѓани од Општината, го извршија Претседателот на Владата на Република Македонија  г-дин. Никола Груевски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин.Диме Спасов и Градоначалникот на општина Илинден г-дин.Жика Стојановски. 

22.02.2010 |

СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИЈАТА "ДАРУВАЈ КРВ - БИДИ ХУМАН"

Општина Илинден под мотото "ДАРУВАЈ КРВ - БИДИ ХУМАН" утре 23.02.2010 година (вторник) во соработка со Републичкиот Завод за Трансфузиологија ја спроведува акцијата за дарување на крв.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013