Prijavi problem

Настани

14.06.2016 |

Продолжен Конкурсот за избор на најдобра фотографија со мотиви од Општина Илинден

Општина Илинден го продолжи Конкурсот за избор на најдобра фотографија со мотиви од Општина Илинден, така што сите оние што со свои фотографии сакаат да учествуваат на Конкурсот, тоа можат да го сторат до крајот на месец јуни, односно до 30.06.2016 година.

14.06.2016 |

Општина Илинден веќе 11 години успешно ги реализира бесплатните курсеви во рамките на КЕЦ „Илинден“

Општина Илинден со цел да го подигне квалитетот на образовниот процес и да  придонесе младата популација да се здобие со нови образовни и културни вредности веќе 11 школски години по ред успешно ги реализира бесплатните курсеви во рамките на Културно Едукативниот Центар (КЕЦ) „Илинден“.

03.06.2016 |

Со поволностите што ги нуди Владата ќе се гради приватна „Монтесори“ градинка во Општина Илинден

Во Општина Илинден престојуваше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој заедно со својот домаќин, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски ја посетија локацијата на која наскоро, со владин грант, ќе почне да се гради прва „Монтесори“ приватна детска градинка.

23.05.2016 |

Со дружба на писателите во манастиркиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци, заврши 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“

Со разгледување на природните убавини на Општина Илинден, локалните економски зони, излетничкото место кај Ајватовци, посета на атељето на академскиот сликар Новица Трајковски и заедничка дружба на писателите во величествениот манастирски комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци, заврши 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“, што цела седмица се одржуваше во Домот на култура „Илинден“.

20.05.2016 |

Промовиранa книгата „Сончев појас-осамени стихови“ на поетот од Бугарија, Владимир Луков

Во рамките на 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“, во Домот на култура „Илинден“ беше промовирано македонското издание на поетската книга „Сончев појас-осамени стихови“ на поетот од Бугарија, Владимир Луков.

20.05.2016 |

Промовиран романот „Мемоарите на една млечка“ на Блаже Миневски

Како дел од 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“, во Домот на култура „Илинден“ беше промовиран романот „Мемоарите на една млечка“, на нашиот реномиран писател Блаже Миневски.

18.05.2016 |

„Ван Хол“ почна со изградба на втора фабрика-450 нови работни места

Во ТИРЗ Бунарџик 2, во Општина Илинден почна изградба на нови производствени погони на белгиската компанија за автобуси Ван Хол, со кои двојно ќе се зголеми нејзиниот капацитет. Камен темелникот на новата фабрика го поставија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо.

16.05.2016 |

Отворање на Литературната манифестација „Илинден 2016“

Во Домот на култура „Илинден“, денес со почеток во 19:00 часот на свечен ќе биде отворена 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“ и Деновите на книгата во Општина Илинден. Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

14.05.2016 |

Во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на академик Васко Ташковски

Во рамките на Литературната манифестација „Илинден 2016“, а како дел од свеченото отворање на манифестацијата, на 16.05.2016 г. (понделник) со почеток во 19:15 часот, во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, ќе биде отворена изложба на академик Васко Ташковски.

13.05.2016 |

Екипата на СОСУ „Илинден“ првак на Скопје во футсал

Фудбалерите на Средното општинско стручно училиште „Илинден“, по освојувањето на државното првенство во футсал, го освоија и првото место на првенството на град Скопје за средношколци. Во финалниот натпревар што се одржа во спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“, тие беа подобри од екипата на СГУ „Зеф Љуш Марку“ совладувајќи ја со 2:1.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013