Prijavi problem

Настани

12.07.2018 |

Соработка на општина Илинден со Заедницата на Хрватите во Република Македонија

Претседателката на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Невенка Костовска во друштво на македонско-хрватската поетеса Љерка Тот Наумова ја посети општина Илинден, при што оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски. Посетата е резултат на досегашната успешна соработка меѓу општина Илинден и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, која посебно се интензивираше последните неколку години по  потпишување на спогодбата за пријателство меѓу општина Илинден и општина Решетари од Р. Хрватска.

10.07.2018 |

Континуирано чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа

Во рамките на реализацијата на проектот „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“ во општина Илинден, во тек е машинско и рачно чистење на секундарниот А-канал во населба Илинден, во должина од 3.000 метри.

13.06.2018 |

Почна да се гради нова инвестиција во општина Илинден

Во локалната економска зона Марино-Кадино, почна со градба нова инвестиција. Пред поголоем број деловни партнери и гости, во присуство на градоначалникот Жика Стојановски беше поставен камен темелник на нов погон за производство на ПВЦ столарија и магацински простор, на инвеститорот Ивица Јаневски, што ќе се простира на површина од 800 квадратни метри.

11.06.2018 |

Објава за 3 градежни парцели во новата населба Јака

Општина Илинден објави продажба на три парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“.

23.05.2018 |

Советот му даде приоритет на проектот - Реконструкција на локален пат Кадино – клучка Автопат А4

Советот на општина Илинден на својата 9-та редовна седница донесе одлука за Утврдување на приоритет на проектот - Реконструкција на локален пат Кадино – клучка Автопат А4, со кој Општината ќе аплицира за добивање на средства во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги - МСИП, спроведен од Светска банка, преку Министерството за финансии.

21.05.2018 |

Заврши Литературна манифестација „Илинден 2018“ - цела седмица општина Илинден беше метропола на балканската поезија

Како што почна, со стихови за душата, така и заврши 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“. Но, не во Домот на култура „Илинден“, каде што почна,  туку во велелепниот амбиент на манастирот „Свети Петар и Павле“, во населено место Ајватовци, што беше последната дестинација на поетскиот карван на Литературната манифестација.

17.05.2018 |

Книжевна средба со поетите на Седумдесетите години

Во рамките на 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“, во домот на култура „Илинден“ се одржа Книжевна средба со поетите на Седумдесетите години Веле Смилевски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски и Славе Ѓорго Димовски.

16.05.2018 |

Изградба и подобрување на системот за зафаќање на атмосферските води во н.м. Кадино

Во рамите на реализацијата на еден од приоритетните проекти на општина Илинден „Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води“, во текот на овој месец во н.м. Кадино изградена е атмосферска канализација во должина од 215 метри, со поставување на бетонски цевкасти пропусти  Ф-500 мм, со цел  зафаќање и одведување на атмосферските води од централниот дел на ова населено место, како и заштита на патната инфраструктура.

16.05.2018 |

Камен темелник на нова инвестиција во општина Илинден

Во локалната економска зона Марино-Кадино, во присуство на голем број деловни партнери и гости, меѓу кои и градоначалникот Жика Стојановски, на свечен начин беше поставен камен темелник на нова инвестиција во општина Илинден. Компанијата „Лаки Лазо“ почна со изградба на погон за ПВЦ столарија и канцелариски простор на површина од 1000 квадратни метри.

10.05.2018 |

Литературна манифестација „Илинден 2018“

Во насока на промовирање на современите културни достигнувања, општина Илинден од 15 до 19 мај 2018 година, во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, ќе ја организира 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013