Prijavi problem

Настани

16.02.2017 |

Унгарскиот амбасадор д-р Ласло Иштван Дукс во посета на Општина Илинден

Амбасадорот на Унгарија во нашата земја д-р Ласло Иштван Дукс престојуваше во Општина Илинден при што се сретна со градоначалникот Жика Стојановски. На средбата стана збор за економските потенцијали на Општината, како и можноста за привлекување на унгарските стопанственици да инвестираат во Општина Илинден.

14.02.2017 |

Одбележан Свети Трифун и Денот на лозарите во Општина Илинден

Во присуство на голем број граѓани, на свечен начин, со традиционално закројување на виновите лози во дворот на црквата „Свети Трифун“ во н.м Ајватовци и избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, во Општина Илинден беше одбележан празникот на лозарите. 

13.02.2017 |

Општина Илинден ќе биде домаќин на Тортијада „Слатка мистерија 2018“

Општина Илинден ќе биде домаќин и покровител на традиционалната Тортијада „Слатка мистерија 2018“, што ќе се одржи идната година во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

20.01.2017 |

Најсреќниот за Водици традиционално во посета на Општина Илинден

Најсреќниот кој го фати Богојавленскиот крст што за Водици беше положен во водите на езерото на хотелот Белви, 21 годишниот Марио Димитријевски, заедно со семејството, беше во посета кај градоначалникот на Општина Илинден,  Жика Стојановски и општинската администрација.

13.01.2017 |

Нови простории за здруженијата на граѓани во новоизградениот Дом на култура во Миладиновци

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект за изградба на домови на култура во сите 12 населени места, Општина Илинден изгради нов Дом на култура во населено место Миладиновци, со површина од 360 метри квадратни.

11.01.2017 |

Општина Илинден набави две нови комунални возила

Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални  услуги за потребите на граѓаните и на стопанството, Општина Илинден набави две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад.

05.01.2017 |

Објавен новиот новогодишен двоброј на општинскиот информатор „Илинден“

Објавен новиот двоброј на општинскиот информатор „Илинден“.

27.12.2016 |

Спорт: ООУ „Гоце Делчев“ најдобро во Македонија за 2016 година

Основното училиште „Гоце Делчев“ од Општина Илинден ја понесе титулата најдобро во Македонија во категоријата најуспешни училишни спортски клубови во делот на основното образование, во изборот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

26.12.2016 |

Донесен Буџетот на Општина Илинден за 2017 година

Советот на Општина Илинден на својата 55-та редовна седница го донесе Буџетот на Општина Илинден за 2017 година, кој изнесува 499.638.000 денари.

Буџетот на Општина Илинден за 2017 година е со развојна компонента при што е применет  партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

24.12.2016 |

Ракометарите на ООУ „Гоце Делчев“ по четврти пат прваци на Скопје

Машката ракометна екипа на ООУ „Гоце Делчев“ по четври пат го освои првото место на градското првенство на Скопје, што го организира Сојузот на училишен спорт. Во финалето тие ја победија екипата на ООУ „Круме Кепески“, со резултат 17:9.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013