Prijavi problem

Настани

12.12.2017 |

Континуирано чистење на отворените одводни канали

Во населба Илинден, во рамките на реализацијата на Проектот чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали на територијата на општина Илинден, во тек е машинско чистење на Главниот канал-Горна зона во должина од 500 метри. Чистењето на овој потег од каналската мрежа е од големо значење заради тоа што претставува критично место, на кое при поројни врнежи, поради малиот проток на вода може да дојде до излевање.

28.11.2017 |

Aсфалтиран дел од локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4

Во рамките на комплетната рехабилитација на локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4, извршено е асфалтирање на дел од патот во должина од 300 метри. Покрај поставувањето на нов асфалт, со цел зафаќање на атмосферските води од коловозот  формирани се нови канали за одведување на атмосферските води од двете страни на коловозот. Истовремено се поставени и цевкасти бетонски пропусти.

11.11.2017 |

Почна рехабилитацијата на локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4

Како дел од Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, општина Илинден почна со рехабилитација на дел од локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4.

10.11.2017 |

Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали

Во рамките на реализацијата на Проектот чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали на територијата на општина Илинден, во населба Илинден извршено е машинско чистење и нивелирање на терцијалниот канал-сисавец на Топлик во должина од 500 метри.

03.11.2017 |

Објавен новиот Општински Информатор „Илинден“ Број 53

Излезе од печат новиот број на Општинскиот информатор „Илинден“ број 53, што ви го пренесуваме и во електронска форма. Во него можете да се информирате за реализацијата за тековните, но и за 15 Приоритетни проекти од Програмата 2017-2021 година на градоначалникот на општина Илинден, м-р Жика Стојановски.

02.11.2017 |

Амбасадорот на Унгарија д-р Ласло Иштван Дукс ја посети Општина Илинден

Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија д-р Ласло Иштван Дукс со делегација негови соработници ја посети Општина Илинден, при што се сретна со градоначалникот Жика Стојановски. Тој ја искористи можноста да му го честита повторниот избор за градоначалник, посакувајќи му многу успех во натамошната работа.

02.11.2017 |

Есенска дератизација за уништување на глодари

Како дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2017 година, во тек е редовна есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територијата на Општината.

31.10.2017 |

Пренесено од „Вечер“ – Интервју: Жика Стојановски, градоначалникот на Општина Илинден

За Жителите на Илинден нови улици, стадион, детска градинка и гасификација на компаниите

31.10.2017 |

Првите места на општинскиот противпожарен квиз за учениците од ОУ „Гоце Делчев“

Во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ се одржа традиционалниот Противпожарен квиз натпревар  за екипите во пионерска  и младинска конкуренција од Општинските основни училишта „Гоце Делчев“ од нас. Илинден, „Ристо Крле“ од  н.м.Кадино и „Браќа Миладиновци“ од  н.м.Миладиновци. Успешен домаќин на овогодишниот  противпожарен квиз натпревар беше Општинското основното училиште „Браќа Миладиновци“.

20.10.2017 |

Благодарност до граѓаните од градоначалникот на општина Илинден, м-р Жика Стојановски

Почитувани сограѓани, По повод мојот избор за градоначалник, Ви изразувам искрена благодарност за поддршката и довербата што ми ја дадовте на локалните избори, да ја водам Општина Илинден во наредните четири години.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013