Prijavi problem

Настани

20.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ - Турнир во шах

Шаховскиот турнир што се реализира во соработка со Шаховската федерација на Македонија ќе се одржи во просториите на Домот на култура „Илинден“, на 21 јули од 09:00 до 15:00 часот . 

20.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ – Баскет

На 21 јули, со почеток во 19:00 часот, во Спортскиот центар „Марино“ ќе почне турнирот во баскет, на кој ќе учествуваат 12 екипи. Финалето е предвидено за 22 јули со почеток во 19:00 часот.

20.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ – Фудбал

На 21 јули со почеток во 20:30 часот на фудбалското игралиште во Марино ќе се одржи ревијален фудбалски натпревар. Меѓусебно ќе играат два тима составени од фудбалерите на трите фудбалски екипи од општина Илинден што се натпреваруваат во Третата фудбалска лига, ФК „Илинден“, ФК „Кадино“ и ФК „Марино 2012“.

20.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ - Атлетика

Натпреварите во атлетика-трчање кои се составен дел на Спортскиот викенд, ќе се одржат на 21 јули, со почеток во 19:00 часот, на пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино, која што е во должина од 2000 метри и која нуди идеални услови за ваков вид на натпревари.

17.07.2018 |

Отворена изложба на цртежи на Васе Костовски, во Домот на култура „Марино“

Во галеријата на Домот на култура „Марино“, отворена e изложба на цртежи и скици на Васе Костовски, уметник аматер од општина Илинден. Љубителите на уметноста имаат можност да видат над 80 цртежи и скици на Костовски кој последните неколку години се занимава со уметноста, која како што вели, е негова голема љубов.

17.07.2018 |

По повод Денот на општина Илинден досега рекордни 63 крводарители ја даруваа драгоцената течност

Во рамките на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ во Домот на култура „Илинден“ се реализираше традиционалната крводарителска акција во која досега рекордни 63  крводарители ја даруваа драгоцената течност што значи живот.

12.07.2018 |

Соработка на општина Илинден со Заедницата на Хрватите во Република Македонија

Претседателката на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Невенка Костовска во друштво на македонско-хрватската поетеса Љерка Тот Наумова ја посети општина Илинден, при што оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски. Посетата е резултат на досегашната успешна соработка меѓу општина Илинден и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, која посебно се интензивираше последните неколку години по  потпишување на спогодбата за пријателство меѓу општина Илинден и општина Решетари од Р. Хрватска.

10.07.2018 |

Континуирано чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа

Во рамките на реализацијата на проектот „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“ во општина Илинден, во тек е машинско и рачно чистење на секундарниот А-канал во населба Илинден, во должина од 3.000 метри.

13.06.2018 |

Почна да се гради нова инвестиција во општина Илинден

Во локалната економска зона Марино-Кадино, почна со градба нова инвестиција. Пред поголоем број деловни партнери и гости, во присуство на градоначалникот Жика Стојановски беше поставен камен темелник на нов погон за производство на ПВЦ столарија и магацински простор, на инвеститорот Ивица Јаневски, што ќе се простира на површина од 800 квадратни метри.

11.06.2018 |

Објава за 3 градежни парцели во новата населба Јака

Општина Илинден објави продажба на три парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013