Prijavi problem

Известувања

Изложба на фотографии на Каролина Мицевска, во Домот на култура „Илинден“

На 31.03.2016  година (четврток) со почеток во 13:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на фотографии на новинарката Каролина Мицевска. 

Пуштен во употреба Пензионерски клуб во Бујковци

Во населено место Бујковци, во присуство на поголем број пензионери беше пуштен во употреба петтиот пензионерски клуб во Општина Илинден. На отворањето на Клубот што се наоѓа во просториите на Домот на култура „Бујковци“, присуствуваа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Агировски, претседателот на Извршниот одбор на Здружението на пензионери Илинден, Благоје Атанасовски и претседателката на огранокот на Здружението Бујковци, Ротка Петровска.

Отворен ден со Катастарот во Општина Илинден

На 04.03.2016 година (петок) од 09:00 до 15:00 часот во Домот на култура „Илинден“ во нас. Илинден ќе се одржи Отворен ден со Катастарот.

Крводарителска акција во Домот на култура „Илинден“

На 26.02.2015 година (петок) Општина Илинден во соработка со Црвениот крст на Република Македонија организира крводарителска акција, која што во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во нас. Илинден.

Во Општина Илинден ќе се градат приватна градинка и основно училиште

Во Општина Илинден ќе почне да се гради приватна детска градинка и приватно основно училиште. На електронско јавно наддавање, фирмата „Изворче-Монтесори“ даде најдобра понуда и стана сопственик на градежна парцела  во Општина Илинден од 10.400 метри, на која ќе гради градинка и основно училиште. 

Традиционално одбележување на Свети Труфун во н.м. Ајватовци

Во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, на 14.02.2016 година (недела) со почеток во 08.30 часот, по повод верскиот празник Свети Трифун, во н.м.Ајватовци ќе се одржи традиционално закројување на лозјата.

Отворен ден со Катастарот во Општина Илинден

На 04.02.2016 година (четврток) од 09:00 до 17:00 часот во Домот на култура „Илинден“ во нас. Илинден ќе се одржи Отворен ден со Катастарот.

Заклучок за запирање на постапката за јавно наддавање

Врз основа на член 56 став 7 од Законот за градежно земјиште (Сл.весник на Р.М. бр.17/11, бр.53/11, бр.144/12, 25/13, 137/13 и 163/13), Комисијата за спроведување на постапките за јавно наддавање, донесе: Заклучок за запирање на постапката за јавно наддавање

Водици 2016

По повод претстојниот православен празник Богојавление (Водици) Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, и годинава традиционално по осми пат oрганизира положување на крстот во езерото на хотел Бест Вестерн-Белви, во населба Илинден.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Врз основа на член 22 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/2002) и член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.весник на Р.М. бр.51/2005, 137/2007, 91/2009 и 124/2010, 18/2011, 53/2011 и 144/2012, 55/2013, 163/2013 и 12/2014), Градоначалникот на општина Илинден го дава следното

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013