Prijavi problem

Известувања

Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух - Месечен извештај Август 2010

 Во Општина Илинден, со цел да се следи квалитетот на амбиентниот воздух во околината на Рафинеријата за преработка на нафта ОКТА, се инсталираа и поставија две мониторинг станици за мерење на квалитетот на амбиентниот воздух.

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ЈКП „ВОДОВОД“ ИЛИНДЕН

Јавното Комунално Претпријатие "Водовод" н.м. Илинден ги известува граѓаните од улица 9, ул.11 и ул.19 во населено место Илинден, дека во периодот од 23:00 часот на ден 16.08.2010 година до 11:00  часот на ден 17.08.2010 година ќе има прекин на водоснабдувањето поради интервенција на главната водоводна линија.

Бесплатен автобуски превоз на Автобусите на ЈСП Скопје по повод Патронен празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август"

Распоред на движење на Автобусите на ЈСП Скопје на линија 66 за ден

29.07.2010 година (четврток).

Поаѓање од пред Транспортниот Центар до Дељадровци во временските интервали:

ПОКАНА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН 2-ри АВГУСТ “ИЛИНДЕН”

  По повод патрониот празник на Општина Илинден “Илинден” 2-ри Август, Ве покануваме на 29.07.2010 година (четврток) со почеток во 20 часот во манастирскиот комплекс “Свети Ѓорѓија” во Дељадровци на општонародниот собир под мотото: "со Илинден традицијата продолжувa"

Познати двојките за фудбалскиот турнир на Спортскиот викенд 2010!

 На ждрепката за натпреварите на фудбалскиот турнир присуствуваше Градоначалникот на Општина Илинден г-дин. Жика Стојановски како и сите претставници на фудбалските клубови, кој ќе земат учество на првиот општински турнир во фудбал на Спортскиот викенд 2010 по повод Патронен празник на Општина Илинден 2ри Август „Илинден“.

Првиот натпревар ќе се одигра на ден 24. Јули 2010 (сабота) со почеток од 10 час помеѓу екипите на ФК Миладиновци и ФК Марино на новото фудбалско игралиште во н.м. Марино!

Финалните натпревари отпочнуват во недела, 25 Јули, со почеток од 17 час.

Приказ на трасата за велосипедската трка на Спортскиот викенд 2010!

   Во следниот графички приказ можете да ја видете трасата за велосипедската трка на Спортскиот викенд 2010 на која ќе се натпреваруват тркачи од следните категории:

Трибина на Министерството за правда пред зградата на општината - сабота 3. Јули

  Почитувани граѓани, 

Ве известуваме дека на ден 03.07.2010 год. (сабота) со почеток во 11.00 часот пред зградата на општина Илинден ќе се одржи отворена трибина на Министерството за правда.

Секоја прва Сабота работна!

Администрацијата на Општина Илинден од Јуни 2010 година одпочна да работи со полно работно време секоја прва сабота во месецот.

Целта е да се подобри ефикасноста во работењето на Општината и на граѓаните да им се овозможи навремена и поквалитетна услуга. На овој начин сите жители на Општина Илинден кои поради работните обврски во текот на неделата не успеваат да ги завршат обврските што ги имаат во општинските служби, тоа ќе можат да го сторат од сега во првата сабота во месецот.

Започна применувањето на новиот Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација на општина Илинден

 Врз основа на добиената согласност бр.04-1166/3 од Агенцијата за државните службеници, во општина Илинден започна да се применува новиот Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација на општина Илинден бр.04-1166 донесен од Градоначалникот на општина Илинден согласно Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација бр.07-674/3 донесена од Советот на општина Илинден на седницата одржана на ден 22.03.2010 година.

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА РАФИНЕРИЈА НА НАФТА „ОКТА“ - МИЛАДИНОВЦИ

  Се известуваат граѓаните и правните лица од конкретното подрачје опфатено со  Нацрт наУрбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“ - Миладиновци,  општина Илинден, плански период  2009-2019 година, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Одлука за организирање

 ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Нацрт на Урбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“ - Миладиновци,  општина Илинден, плански период  2009-2019 година.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013