Prijavi problem

Известувања

Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух - Месечен извештај Октомври 2010

 Во Општина Илинден, со цел да се следи квалитетот на амбиентниот воздух во околината на Рафинеријата за преработка на нафта ОКТА, се инсталираа и поставија две мониторинг станици за мерење на квалитетот на амбиентниот воздух.

Двете станици во општина Илинден се поставени во месец јануари 2008 година.

Јавен Повик - Информативна трибина со „БОРКА“ за борба против рак

 Здружението за борба против рак „БОРКА - за секој нов ден“ од Скопје во месец октомври 2010г. светски месец за борба против рак на дојка, има намера да спроведе многу активности  за подигање на свеста кај жените за потребата од спроведување на редовни прегледи, со цел рана детекција на ракот на дојка, како основен предуслов за негово успешно лекување.

Известување! Промена на сообраќајен режим во н.м. Илинден на ден 30 и 31 Октомври!

 Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека поради санација односно асфалтирање на надвозникот на Улица 2 во н.м. Илинден (месност „Плац“) истиот патен правец ќе биде затворен за сообраќај во деновите 30 и 31.10.2010 (сабота и недела), во периодот од 08 до 18 часот.

Сообраќајот во горенаведениот период ќе биде пренасочен преку автопатот.

Санација на железнички премин во н.м. Миладиновци!

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека на ден вторник, 19.10.2010 година заради санација на железничкиот премин во н.м. Миладиновци,  сообраќајниот режим ќе биде пренасочен преку н.м.Текија и н.м. Дељадровци во периодот од 9 до 13 часот.

Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух - Месечен извештај Септември 2010

 Во Општина Илинден, со цел да се следи квалитетот на амбиентниот воздух во околината на Рафинеријата за преработка на нафта ОКТА, се инсталираа и поставија две мониторинг станици за мерење на квалитетот на амбиентниот воздух.

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека Градоначалникот на Општина Илинден согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл.весник на Р.М. бр.13/2006, бр.86/2008 и бр.6/2010) за службено лице кое ќе посредува и ќе укажува помош при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ги овласти следните лица:

Службен гласник на Општина Илинден Бр.12

Службен гласник на Општина Илинден Бр.12, октомври 2010 година

Пријавување на комунални проблеми преку интернет!

 Во соработка со УСАИД - Проект за локална соработка, општина Илинден воведува нова можност за граѓаните на општина Илинден да бидат во постојaна комуникација со општинската администрација, со цел да се подобри комуникацијата, јавниот сервис и јавните услуги на општината.

Со Проектот „Е-Општина Пријави Проблем“ се дава на граѓанинот можност да пријави проблем преку интернет и така да оствари директна и ефикасна комуникација со општината. 

Преку директната адреса www.servis.ilinden.gov.mk или преку интернет страницата на општината www.ilinden.gov.mk, се доаѓа на платформата каде се наоѓа формуларот за пријавување проблеми. 

Ослободени граѓаните на Општина Илинден од плаќање на водниот надомест за одводнување

Општина Илинден интензивно работи на редовното чистење и одржување на каналската мрежа со запазување на профилите на каналите и нивелацијата на теренот со цел одводните канали кои се наоѓаат на територија на општината нормално да функционираат во прифаќањето и одведувањето на атмосферските води, како и намалување на нивото на подземните води, со што ќе се допринесе до заштита од поплавување на домаќинствата и земјоделското земјишта.

Секоја прва Сабота работна!

 Администрацијата на Општина Илинден од Јуни 2010 година одпочна да работи со полно работно време секоја прва сабота во месецот.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013