Prijavi problem

Известувања

Водици во Илинден 2011 година

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со Свештените лица од цркавата Св. ,,Константин и Елена” во населба Илинден ќе организира фрлање на крстот во езерото во хотелот Бест Вестерн Белви - н.Илинден.

За таа цел се повикуваат сите заинтересирани лица на ден 19.01.2011 година (среда) со почеток во 12 часот, да земат активно учествуво и со својата масовност да го одбележат овој голем ден за сите христијани.

Објавен следниот број на општинскиот информатор „Илинден“ во веб издание!

Општина Илинден со чест го објавува осмиот број на општинскиот информатор „Илинден“ во веб издание.

Главни теми:

  • Интервју со градоначалникот на Општина Илинден г-дин. Жика Стојановски
  • Донација на компјутери
  • Општина Илинден обезбеди кредитен рејтинг
  • Формирање јавно претпријатие за стопанисување со спортските објекти
  • Десет начини на информирање на граѓаните

Формирање на ново Јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти

Општина Илинден формираше Јавно Претпријатие за стопанисување со спортски објекти на подрачјето на општината.

Новото јавно претпријатие ќе стопанисува, ќе врши одржување како и изнајмување на спортските објекти на територија на општина Илинден.

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА БУЏЕТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН И ЗА 2011 ГОДИНА

 Советот на Општина Илинден на својата 28 седница го усвои Буџетот на Општина Илинден за 2011 година кој изнесува 305.910.000,00 денари кој е најголем во 14 годишното постоење на општина Илинден. 

Службен гласник за месец декември 2010

 Почитувани, со еден клик на следната патека, можете да ги прегледате Службените гласници на Општина Илинден.

Општина Илинден доби кредитен рејтинг

 Општина Илинден обезбеди кредитен рејтинг во соработка со УСАИД во рамките на проектните активности на Проектот за локални самоуправи во Македонија (МЛГА).

Со изготвувањето и добивањето на кредитниот рејтинг, Општина Илинден е едната од првите општини која ќе излезе на пазарот на капитал, со издавање на општински обврзници.

Најава! Општински Информатор број 7

  • Комплетна санација на надвозникот на влезот на Општина Илинден
  • Нова модерна лабораторија по технички науки во ОУ „Гоце Делчев“
  • Финансирање на најдобрите проекти
  • Вложувајќи во инфраструктурата Општината ги следи инвеститорите
  • и многу повеќе!

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈКП ВОДОВОД ИЛИНДЕН ДО ГРАЃАНИТЕ

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ГРАЃАНИ КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИТЕ НА ЈКП "ВОДОВОД" ИЛИНДЕН ДЕКА УПЛАТАТА НА СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА ОТСЕГА МОЖЕ ДА СЕ ВРШИ И ВО ФИЛИЈАЛИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА.

Јавна презентација за Стратегиска оцена на животната средина за потисен цевковод

Врз основа на Инвестиционата програма со акционен план за планирање, изградба и развој на Технолошко индустриски развојни зони во Република Македонија усвоена од страна на Владата на Република Македонија , Дирекцијата за ТИРЗ превзеде активности за реализација на истата.

ИЗВЕСТУВАЊЕ! ПРОМЕНА НА СООБРАЌАЈЕН РЕЖИМ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ АЈВАТОВЦИ-МРШЕВЦИ

Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека поради асфалтирање на локалниот пат Ајватовци-Мршевци а поради обезбедување на соодветна безбедност на сообраќајот и изведбата истата ќе биде затворена за сообраќај во период од ден 12.11.2010 г. (петок) до завршување на работните активности.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013