Prijavi problem

Известувања

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР - НОВИОТ ТРЕТИОТ БРОЈ ДОСТАПЕН ЗА ПРЕВЗИМАЊЕ

 Новиот број, третиот, на Општинскиот Информатор е од денес достапен за превзимање.

Избрани нови Месни заедници во Општина Илинден

 Во Општина Илинден со почеток од 07-15 часот на 15. ноември 2009 година во населни места: Илинден, Марино, Кадино, Бунарџик, Ајватовци, Миладиновци, Бучинци и Дељадровци се изврши избор на нови челенови на советите на месни заедници.

Распишан избор за нови Месни заедници

 Со донесување на Одлука,Градоначалникот на Општина Илинден г-дин.Жика Стојановски, распиша избори за членови на советите на  11  Месни заедници на територија на општина Илинден.

Вториот Број на Општинскиот Информатор за превзимање

Општина Илинден од Јули 2009 година издава периоден „Општински Информатор“.

Нови водомери со далечинско отчитување

  Општина Илинден во соработка со Јавното претпријатие Водовод ,,Илинден”, започна со Проектот Поставување на нов тип водомери со далечинско отчитување, како една од мерките за намалување на трошоците и загубите на вода во водоснабдителниот систем. 

Усвоен Етички кодекс за локални функционири

 Општина Илинден на својата 9 (девета) Седница на Советот на Општината го усвои Етичкиот кодекс на локални функционери.

 

Дневен ред на Деветта седница на Совет на Општина Илинден

 Деветта седница на Советот на Општина Илинден на ден 08.10.2009 година. 

Бесплатни курсеви по странски јазици,гитара, уметност, модерен балет и фолклор

  Општинскиот Културен Едукативен Центар ИЛИНДЕН, кој е формиран од страна на Општина Илинден континуирано веќе петта година по ред успешно продолжува да го реализира проектот ,,Беспалтни курсеви по странски јазик, музика и уметност“ за учениците од IV до IX одделение во трите основни училишта во Општина Илинден ,,Гоце Делчев“, ,,Ристо Крле“ и ,, Браќа Миладиновци“ во учебна 2009/10 година.

 

Безплатен преглед за земјоделци

Безплатен преглед за утврдување на здравстената состојба и работната способност на земјоделците.

ПОСТАВУВАЊЕ КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ВТОРИОТ СЕГМЕНТ ОД ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА

 Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека на ден 30.09.2009 година (среда) со почеток во 11 часот во населеното место Илинден (кај фудбалското игралиште) ќе се изврши поставување на камен темелник на вториот сегмент од фекалната канализација за прифаќање и третман на отпадни води.

Свеченото поставување на камен темелникот на фекалната канализација ќе го извршат Министерот за Транспорт и Врски г-дин. Миле Јанакиевски и Градоначалникот на Општина Илинден г-дин.Жика Стојановски.

По тој повод Ве покануваме да присуствувате на овој свечен чин со што сите заедно ќе го одбележиме почетокот на изградбата на вториот сегмент од фекалната канализација. 

За подетални информации на контакт телефон: 02/2571703 и 02/2571704, или на веб страницата www.ilinden.gov.mk.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013