Prijavi problem

Известувања

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во Општина Илинден

Во Општина Илинден престојуваше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој како владин координатор за справување со штетите од невремето, заедно со градоначалникот Жика Стојановски го посетија делот од населба Илинден што  беше погоден од невремето.

ИНФОРМАЦИЈА

Жителите од подрачјето на делот од Општина Илинден што беше зафатен од невремето во скопскиот регион, добија струја. Станува збор за 20 домаќинства чии објекти беа зафатени од водената стихија. 

ИНФОРМАЦИЈА

Водата од објектите на подрачјето на делот од Општина Илинден што беше зафатен од невремето во скопскиот регион, е целосно повлечена.

Извршено е вонредно испитување на водата во водоводниот систем од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје при што е констатирано дека таа одговара на законските и стручни прописи на испитаните параметри за физичко-хемиска и бактериолошка анализа, односно дека водата е хемиски и бактериолошки исправна за пиење.

ИНФОРМАЦИЈА

Дежурениот телефон 070 22 66 55 е отоврена линија за пријавување на штети и вршење на процени на поплавените објкети.Пријавите за настанати штети може да се поднесат и на следната е-маил адреса:poplava2016@bsv.gov.mk.

Во Општина Илинден останува отворен дистрибутивениот и прифатен пункт за собирање на помош за загрозени семејства од невремето во Домот на култура Илинден. Акцијата која се спроведува во соработка со Црвениот крст на Република Македонија за донирање на продукти за загрозените семејства продолжува секој ден од 8:00 до 20:00 часот.

Известување - ЈКП Водовод

Се известуваат сите граѓани од територијата на Општина Илинден дека водата за пиење од водоводниот систем со кој стопанисува ЈКП „Водовод“ н.Илиндене здравствено исправна за консумирање врз основа на резултатите од анализа на водата за пиење направена од страна на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Скопје согласно новонастанатата вонредна состојба од природната катастрофа. 

Информација

Кризниот штаб на Општина Илинден продолжува со теренските активности за справување со последиците од невремето што зафати дел од населба Илинден, на влезот на Општината, на местото викано Трница.

Општина Илинден превзема мерки за справување со последиците од саботната водна стихија

Кризниот штаб на општина Илинден во соработка со Координативното тело на Владата на Република Македонија и Водостопанското препријатие „Скопско Поле“ превзема повеќе теренски активности за справување со последиците од невремето што зафати дел од населено место Илинден.

Информација - Отворен пункт за донација во Дом на култура „Илинден“

Во Општина Илинден има отворен дистрибутивен и прифатен пункт за собирање за помош за загрозени семејства од невремето.

Известување за одбележување на патрониот празник на Општина Илинден и „Илинденски Етно Фест“

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека по повод националниот празник на македонскиот народ, патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и 20 годишниот јубилеј од постоењето на Општината, на ден 28.07.2016 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во манастирскиот комплекс "Свети Ѓорѓија“, во Дељадровци ќе се одржи општонароден собир под мотото "Со Илинден традицијата продолжува“.

Известување за бесплатниот автобуски превоз

Распоред на движење на организираниот превоз на Автобусите на ЈСП Скопје за на ден 28.07.2016 година (четврток).

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013