Prijavi problem

Известувања

Известување

Се известуваат граѓаните од населените места Кадино и Мралино дека на ден 28.09.2016 година (среда) со почток од 10 до 17 часот ќе се врши асфалтирање на улица 10 во населеното место Кадино и ќе се изврши пренасочување на сообраќајот.

Седница на Советот на Општина Илинден

На 23.09.2016 година (петок) со почеток во 12:00 часот, во  конференциската сала на Домот на култура „Илинден“, Советот на Општина Илинден ќе ја одржи 52-та редовна седница со следниот дневен ред:

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Се известуваат сите земјоделци на тереторија на општина Илинден кои се зафатени од поплавата и силното невреме на 06.08.2016 година, потребно е да достават барање до Комисијата за процени на штети на земјоделски култури со седиште во Подрачна единица Гази Баба при МЗШВ до среда 07.09.2016 година во периодот од 8,30 до 16,30 часот.

Нова седница на Советот на Општина Илинден

На 31.08.2016 година (среда) со почеток во 12:00 часот, Советот на Општина Илинден ќе ја одржи 51-та редовна седница. Седницата ќе се  одржи во  конференциската сала на Домот на култура „Илинден“.

Известување

Се известуваат граѓаните од н.м. Мралино дека заради изведување на градежни работи на армирано-бетонски плочаст мост на локалниот пат Кадино-Мралино (улица бр.„1“), автобуската линија “63” ќе завршува и почнува на влезот во н.м Мралино.Изменетиот режим на сообраќај ќе важи до 31.08.2016 година.

Известување - Прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 25.08.2016 г.(четврток) и 26.08.2016 г.(петок) со почеток во 20:00 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во Општина Илинден

Во Општина Илинден престојуваше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој како владин координатор за справување со штетите од невремето, заедно со градоначалникот Жика Стојановски го посетија делот од населба Илинден што  беше погоден од невремето.

ИНФОРМАЦИЈА

Жителите од подрачјето на делот од Општина Илинден што беше зафатен од невремето во скопскиот регион, добија струја. Станува збор за 20 домаќинства чии објекти беа зафатени од водената стихија. 

ИНФОРМАЦИЈА

Водата од објектите на подрачјето на делот од Општина Илинден што беше зафатен од невремето во скопскиот регион, е целосно повлечена.

Извршено е вонредно испитување на водата во водоводниот систем од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје при што е констатирано дека таа одговара на законските и стручни прописи на испитаните параметри за физичко-хемиска и бактериолошка анализа, односно дека водата е хемиски и бактериолошки исправна за пиење.

ИНФОРМАЦИЈА

Дежурениот телефон 070 22 66 55 е отоврена линија за пријавување на штети и вршење на процени на поплавените објкети.Пријавите за настанати штети може да се поднесат и на следната е-маил адреса:poplava2016@bsv.gov.mk.

Во Општина Илинден останува отворен дистрибутивениот и прифатен пункт за собирање на помош за загрозени семејства од невремето во Домот на култура Илинден. Акцијата која се спроведува во соработка со Црвениот крст на Република Македонија за донирање на продукти за загрозените семејства продолжува секој ден од 8:00 до 20:00 часот.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013