Prijavi problem

Известувања

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на општина Илинден го дава следното

ИЗВЕСТУВАЊЕ за прекин во водоснабдувањето

На ден 22.02.2019 година поради интервенција во кругот на ОКТА водоснабдувањето за н.м Миладиновци, Бујковци, Текија и Дељадровци ќе биде во прекин во период од 08:00-15:00 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека заради градежните зафати за рехабилитација на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4, сообраќајот на овој патен правец се одвива во отежнати услови. Поради тоа, се повикуваат учесниците во сообраќајот што го користат овој пат, доколку се во можност да користат алтернативни патишта.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за прекин во водоснабдувањето

Поради дефект на примарна водоводна мрежа денес (14.02.2019) од 8:30 без вода ќе останат жителите на н.м Илинден во околината на општинската зграда и црквата. Прекинот во водoснабдувањето ќе трае до санација на дефектот.

Прослава на Свети Трифун во Ајватовци

Со симболично закројување на лозовите насади во населено место Ајватовци, на 14 февруари 2019 година, на свечен начин ќе биде прославен големиот верски празник Свети Трифун. Свеченоста ќе почне во 8.30 часот со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

Јавна анкета и јавна презентација

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на општина Илинден го дава следното...  

ИЗВЕСТУВАЊЕ за прекин во водоснабдувањето

Поради отстранување на дефект на главната водоводна линија на улица „9“ во н.м Марино, пред детската градинка „Гоце Делчев“, на ден 19.01.2019 година од 08:00 часот без вода ќе останат  дел од жителите на н.м Марино.

Во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики од меѓународната ликовната колонија „Карпино 2018“

На 16.01.2019 година (среда) со почеток во 14:00 часот, во Домот на култура „Илинден” ќе биде  отворена ликовна изложба на слики од 16-та меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово.

Водици 2019

По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во  населба Илинден.

Отворен ден на Општина Илинден секој ЧЕТВРТОК од 13:00 до16:00 часот

Отворениот ден на Oпштина Илинден се реализира секој ЧЕТВРТОК од 13:00 до 16:00 часот. Сите заинтересирани граѓани во овој термин можат да остварат средба со стручните служби на општината, со директорите на јавните претпријатија и со градоначалникот. На средбите, граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, да ги претстават своите идеи, предлог-проекти, како и да придвижат нови иницијативи.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013