Prijavi problem

Известувања

ИЗВЕСТУВАЊЕ за прекин на снабдувањето со вода за пиење

На ден 10.05.2018 година (четврток) во периодот од 9:00 до 13:00 часотќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење поради интервенција на трафостаница од страна на ЕВН.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваа корисниците дека електронските системи Е-урбанизам и Е-градежна дозвола на општина Илинден, поради технички причини не се во функција.

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистчко планирање (“Сл.весник на Република Македонија” бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015 и 31/2016), Општина Илинден го издава следното:

Крводарителска акција во домот на култура „Илинден“

На 23.02.2018 година (петок) општина Илинден во соработка со Црвениот крст на Република Македонија организира крводарителска акција, која што во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во нас. Илинден.

Државно првенство на основните училишта во футсал-женски, во спортската сала „Гоце Делчев“

На 22.02.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во спортската сала „Гоце Делчев“, под покровителство на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ќе се одржи завршниот турнир од државното првенство на основните училишта во футсал-женски.

„Слатка мистерија 2018“ во Домот на култура „Илинден“

Општина Илинден на 16.02.2018 година (петок), во домот на култура „Илинден“ ќе биде домаќин и покровител на традиционалната 12-та по ред хуманитарна манифестација Тортијада „Слатка мистерија 2018“, што се организира во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

Тортијада „Слатка мистерија 2018“ во општина Илинден

Општина Илинден на 16.02.2018 година (петок), во домот на култура Илинден ќе биде домаќин и покровител на традиционалната 12-та по ред Тортијада „Слатка мистерија 2018“, што се организира во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

Одбележување на Свети Труфун во н.м. Ајватовци

На 14.02.2018 година (среда) со почеток во 08:30 часот, во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, по повод верскиот празник Свети Трифун, во н.м.Ајватовци ќе се одржи традиционално закројување на лозјата.

Уредување на цената на комунални услуги за водоснабдување

Советот на општина Илинден на својата 5-та редовна седница донесе одлука со која домаќинствата за потрошен кубик вода за пиење или, водоснабдување од 1 март годинава ќе плаќаат по 24,14 денари без ДДВ, наспроти досегашните 23,75 ден/м³ потрошена вода без ДДВ, додека за правните субјекти тарифата ќе остане непроменета.

ПОВТОРЕНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Измена и дополна на урбанистички план вон населено место Урбан Блок 2 од Урбанистички план вон населено место за дел од стопански комплекс Илинден Урбан блок 1, 2, 3 и 4 општина Илинден плански период 2016-2026

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013