Prijavi problem

Известувања

Јавна анкета и јавна презентација

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на општина Илинден го дава следното...  

ИЗВЕСТУВАЊЕ за прекин во водоснабдувањето

Поради отстранување на дефект на главната водоводна линија на улица „9“ во н.м Марино, пред детската градинка „Гоце Делчев“, на ден 19.01.2019 година од 08:00 часот без вода ќе останат  дел од жителите на н.м Марино.

Во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики од меѓународната ликовната колонија „Карпино 2018“

На 16.01.2019 година (среда) со почеток во 14:00 часот, во Домот на култура „Илинден” ќе биде  отворена ликовна изложба на слики од 16-та меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово.

Водици 2019

По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во  населба Илинден.

Отворен ден на Општина Илинден секој ЧЕТВРТОК од 13:00 до16:00 часот

Отворениот ден на Oпштина Илинден се реализира секој ЧЕТВРТОК од 13:00 до 16:00 часот. Сите заинтересирани граѓани во овој термин можат да остварат средба со стручните служби на општината, со директорите на јавните претпријатија и со градоначалникот. На средбите, граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, да ги претстават своите идеи, предлог-проекти, како и да придвижат нови иницијативи.

Меѓународен ракометен турнир „Илинден“ во спортската сала “Гоце Делчев“

Од 21-ви (петок) до 23-ти декември (недела), во спортската сала “Гоце Делчев“, во организација на ракометниот клуб „Илинден“, со поддршка на Општина Илинден, ќе се одржи меѓународен ракометен турнир. На овој турнир во младински категории што се одржува по втор пат ќе настапат 20 екипи - 13 екипи во генерацијата 2002/2003 и 7 екипи во генерацијата 2006/2007.  

Изложба „Сликарот со пријателите“, во Домот на култура „Илинден“

На 21.12.2018 година (петок) со почеток во 19:00 часот, во организација на Општина Илинден, во Домот на култура „Илинден” ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Новица Трајковски, насловена „Сликарот со пријателите“.

На 18 и 26 декември мобилни шалтери на УЈП во Општина Илинден

Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните на 18 декември (вторник) и 26 декември (среда) до општинската зграда ќе биде отворен мобилен шалтер на Управата за јавни приходи.

Изложба на уметници од Општина Илинден

На 5 декември 2018 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден” ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.

Буџетски форум во Општина Илинден

Во организација на Општина Илинден, во рамките на планирањето на Буџетот за 2019 година, на 05.12.2018 година (среда) со почеток во 17:00 часот, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ ќе се одржи Буџетски форум.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013